Ибрахимовиќ на неверојатен начин го засилува Манчестер Јунајтед


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ е веќе во доцните играчки години, но изгледа дека ова презиме уште долго време ќе го заживува европскиот фудбал.

    Тоа го докажуваат неговите синови Максимилијан и Висент, кои успешно се занимаваат со фудбал, а вчера тие станаа членови на академијата на Манчестер Јунајтед.

    Шведскиот напаѓач своите синови ги запиша во младинската школа на клубот од „Олд Трафорд“, а изјави дека го очекува нивниот напредок.

    Менаџерите во младинскиот тим на Јунајтед се среќни што синовите на Ибра се придружија на останатите деца во академијата, а истакнаа дека Масимилијан и Висент се многу талентирани.