До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во идеалниот тим на сите времиња легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси, најдобрите играчи на денешницата.
Кројф своите идеални 11 ги откри во автобиографијата која наскоро треба да излезе, а во која „Еуроспорт“ има увид.
Поставата на легендарниот Холанѓанец ја предводат Пеле и Диего Марадона, како и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, кој играше за Кројф во Барселона.
Тимот од соништата на Јохан Кројф:
Голман: Лав Јашин
Одбрана: Карлос Алберто, Франц Бенекбауер, Пеп Гвардиола, Руд Крол
Средина: Алфредо ди Стефано, Боби Чарлтон, Гаринча
Напад: Марадона, Пит Кајзер и Пеле.















