Иднината на Аѕурите: Прв повик за Локатели, тука и е тандемот од Беневенто и пола Бергамо


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најталентираните 22 од вториот ешалон.

    Џампјеро Вентура размислува и за тоа утре. Селекторот на Италија го соопшти списокот од 22 играчи за ноемвриското дружење каде што ќе ги провери можните квалитети на најквалитетните играчи од Серија А и Серија Б, а кои не играат за клубови учесници во европските натпреварувања, односно Јувентус, Наполи, Фиорентина, Интер, Рома  и Сасуоло.

    Додуша, Наполи прифати за на селекторот да го отстапат дефанзивецот Лоренцо Тонели, а Милан Мануел Локатели и Џанлука Лападула.

    На списокот се дури седмина фудбалери на Аталанта, па тандем од второлигашот Беневенто, и Лука Гаритано од Чезена, кој е на дури на 18 место во Серија Б.

    Пробните тестови се закажани за 21, 22 и 23 ноември.

    Голмани: Алесио Крањо (Беневенто), Марко Спортљело (Аталанта);

    Одбранбени фудбалери: Антонио Барека (Торино), Федерико Барба (Емполи), Матија Калдара (Аталанта), Андреа Конти (Аталанта), Федерико Димарко (Емполи), Армандо Ицо (Џенова), Лоренцо Тонели (Наполи), Франческо Зампано (Пескара);

    Среден ред: Данило Каталди (Лацио), Роберто Гаљардини (Аталанта), Алберто Граси (Аталанта), Мануел Локатели (Милан);

    Крила: Амато Чичирети (Беневенто), Марко Д`Алесандро (Аталанта), Лука Гаритано (Чезена), Виторио Париџни (Киево);

    Напаѓачи: Џанлука Капрари (Пескара), Роберто Инглесе (Киево), Џанлука Лападула (Милан), Андреа Петања (Аталанта).