Икарди има посебна желба за тренер на Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мауро Икарди смета дека Италијанец треба да седи на клупата на Интер.

    Интер денеска со 3:0 го совлада Кротоне, а Икарди постигна два погодоци.

    Нероаѕурите и понатака чекаат на именување на нов тренер и Икарди мисли дека тоа треба да биде Италијанец.

    „Оваа победа нас ни даде простор да дишеме. Ова беше потребно. Игравме добро и го заслуживме ова“, рече Икарди, и додаде:

    „За нас би било одлично да дојде италијански тренер бидејќи тој веќе ја познава Серија А. Речиси е Божиќ, нема многу време за адаптација за новиот тренер“.

    Аргентинскиот напаѓач рече дека клупска цел и понатака е пласман е Лигата на шампионите.