Интер става нова клаузла за Мауро Икарди, а таа ќе изнесува „луди“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Мауро Икарди, ќе има нова откупна клаузла во Интер, па доколку некој сака да го доведе играчот ќе мора да плати сума од 110 милиони евра, пренесуваат италјанските медиуми.

Интер му понудил нов договор на Аргентинецот, кој што конечно беше повикан во составот на национланата репрезентација, иако последниве неколку години беше меѓу најдобрите напаѓачи во Европа.

Напаѓачот ќе биде награден за добрите партии и ќе добие нов, побогат договор од Миланскиот клуб, каде ќе биде вклучена откупна клаузла од 110 милиони евра.

Најважно од се во новиот договор на Икарди е фактот дека клаузлата може да биде активирана најкасно до 20 јули секоја година.