До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ќе станува клуб кој исклучиво ќе се фокусира на купувања и подигнување на исклучиво италијански фудбалери.
Да го видиме и тоа чудо.
Интер ја менува филозофијата основата пред 108 години! Поточно, отстапува од историјата, причината поради што основачите на Интер го одвоија од Милан во таа судбоноска 1908 година, кога го основаа клубот со желба и странските играчи да бидат прифатени.
Но тешко да се поверува во такво чудо, италијанскиот весник Кориере дело Спoрт тврди дека поседува информации какви што никој друг нема. А тоа е дека Интер ќе се сврте исклучиво на купување и развој на италијански фудбалери во намерата за клубот да се врати во самиот врв на англискиот фудбал.
Ако се земе оваа информација навистина точна, тогаш позади тоа стои и силна позадина.
Нормално, во прашање е се посилната моќ на клубот да привлекуваат квалитетни фудбалери, поради што ќер се свртат на купување на најдобрите што финансиските слаби клубови ги имаат.
Па и да се вратат тие кои што не успееја во странство, а во Италија имаа имаа сосема пристојни, ако не одлучни натпревари.
Кориере пишува дека Интер веќе лоцираше три мети на кои ќе го насочи целиот капитал што во касата ги донесе новиот газда, кинеската компанија Сунинг.
Прв е – Матео Дармијан. Момчето кој во Манчестер Јунајтед е доведен во минатото лето од страна на Луј Ван Гал со желба за конечно да ја закрпи дупката на десната страна и да стане еден од столбовите на одбраната – не се прослави. Добива шанса кај Жозе Мурињо, но најмногу од причина што Португалецот нема вистинска алтернатива. Односно, квалитетни решенија.
Дармијан уште од летото се наоѓа на листата за отстрел, а после последниот неуспех на Јунајтед се е изгледно дека епизодата на италијанскиот репрезентативец ќе заврши со евтина продажба и веројатно враќање во татковината.
Во таа приказна влегува Интер, кој сака да ги продаде Данило Д`Амброзио и Давид Сантон и конечно да добие квалитеден десен бек.
Но, Јунајтед не планира од Дармијан да се откаже за сума помала од 15 милиони евра.
Следен на листата е Федерико Бернандески. Крилниот напаѓач на Фиорентина е еден од ретките играчи во сегашниот состав кој може да донесе значајна заработка. Зборуваме за сума од барем 35 до 40 милиони евра.
Но, Интер ќе има сериозна конкуренција во вид на Челси. Антонио Конте долго време го следи италијанскиот играч за врска и сака истиот да го придодаде на лондонската армија која суверено гази засега.
Но, ни во Фиорентина не се наивни, па не сакаат да го загубат Бернандески пред наредното лето. Поради тоа што на 12 натпревари во Серија А постигна шест, а асистираше кај два гола, јасно е и зошто.
На крајот, офанзивната опција која треба конечно да стартува работите во офанзивата е најдобар стрелец на Сасуоло Доменико Берарди.
А со него Интер има „проблем“. Се вика Јувентус.
Старата дама уште пред три години го доведе Берарди во своите редови и таа вест ја објави на официјалниот сајт.
Тој брзо е проследен во Сасуоло на прочуениот „партнерски договор“. Додуша, Јуве од истиот се реши во случувањето на договорот со Сасуоло кога е купен Симоне Заза.
Со тоа е оставена опција за откуп на договорот.
Значи, Интер има визија како тоа може да изгледа во иднина. Сега уште треба да се искористи кинескиот џеп без дно и да се оствари замисленото.















