Италијаните пишуваат – Мурињо сака играч на Порто!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


     

    Ако се верува на италијанските медиуми, Манчестер Јунајтед може да доведе фудбалер на Порто.

    Беше на мета на Ливерпул, сега е на мета на Манчестер Јунајтед.

    Така барем пишуваат италијанските медиуми за Хектор Ерера, фудбалер на Порто кој игра во одлична форма и на почетокот на оваа сезона за португалскиот тим.

    Овој играч беше на мета на Ливерпул пред што Редсите се одлучија да го доведат Вајналдум, а беше и на чекор од потпишување на договор со Наполи, но клубовите не се договорија околу цената.

    Хектор Ерера игра на позиција играч за врска, а член и на репрезентацијата на Мексико за која репрезентација одигра 46 мечеви.

    Во оваа сезона за Порто запиша 9 мечеви, постигна еден гол и забележа 3 асистенции.

    Податоци за потенцијалната вредност на трансферот нема меѓу медиумите, засега се работи само за интерес на Јунајтед.