Кабиб пред голема одлука: Доби понуда за која размислува


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За дагестанскиот борец после победата над Конор МекГрегор цел свет зборува, а Кабиб им се закани на UFC дека ќе ја напушти промоцијата доколку неговите колеги од тимот добијат отказ поради тепачката после мечот со ирскиот борец.

Нурмагомедов е спремен да замине, но има организација која би саакал да го види во своите редови, тој добил понуда од WWE организацијата.

Раководството на популарните кечери би сакал да го види Кабиб во својот тим, а Кабиб ги праша фановите што мислат околу тоа.

„WWЕ ме прашаа дали сакам да им се придружам, што мислите за ова“, праша Дагестаецот на Твитер, а добар дел од фановите му препорачаа да оди баш таму.

Интересно би било да се види Кабиб во „лажна“ борба во WWE, а секако би сакал против него да го види некогашниот UFC шампион во тешка категорија и познат кечер, Брок Леснар.

Леснар е моментално една од водечките WWE ѕвезди, но на почетокот од новата година повторно ќе дојде во UFC каде што ќе се бори против Даниел Кормиер.