Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Авантурата на Дерик Вилијамс во дресот на Кливленд Кавалирс можеби сѐ уште не е завршена. Ланскиот финалист сака да го задржи во своите редови доколку двете страни успеат да најдат заеднички јазик.
По крајот на минатата сезона тимот на Кавалирси не се одлучи да го задржи Дерик Вилијамс а за да ја пополнат крилната позиција во ротацијата ги потпишаат Чеди Осман (Анадолу Ефес) и Џеф Грин (Орландо Меџик).
Сепак, интересот за Дерик Вилијамс е голем и неколку тимови веќе му понудија богати договори за да го обезбедат неговиот потпис, но тој засега чека понуда за обновување на соработката со Кливленд Кавалирс.
Во 25 натпревари кои ги одигра за Кливленд, тој имаше учинок од 6.2 поени и 2.3 скокови по натпревар и шутираше 51% од поле и 40% од линијата за три поени. Ако се земе во предвид дека Вилијамс играше во просек по 17 минути по натпревар, овие бројки се и повеќе од солидни.