Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку шпански тимови се заинтересирани за играчот на Арсенал, Санти Казорла.
Казорла поради повреда минатата сезона одигра само 15 натпревари во Премиер лигата, но и покрај тоа, тој е цел на неколку клубови од својата родна земја.
Според пишувањата на медиумите, Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија ќе се обидат да го донесат споменатиот играч на Арсенал.
30-годишниот Казорла останува без договор на крајот од сезоната и ова е причината зошто е толку многу баран од страна на другите клубови.
Казорал во Арсенал пристигна во 2012. година од Виљареал.