До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Алекс Грималдо е 21-годишен лев бек на Бенфика кој во период од 2008 до 2016 година беше член на младите категории на Барселона.
Иако медиумите предвидуваа дека Алекс може да стане уште еден продукт на Ла Масија кој ќе остави забележлив белег во првиот тим, до тоа не дојде бидејќи челниците на каталонскиот гигант се одлучија да го продадат пред нешто помалку од година дена.
Во тоа време лисабонска Бенфика за услугите на овој млад фудбалер изсвои само 1.5 милиони евра ( со тоа Блауграната има право на дел од колачот од идниот трансфер), а младиот Шпанец од тогаш привлече интерес на многу силни европски екипи.
Најмногу интерес за Грималдо покажа Сити на Гвардиола кој во овој млад фудбалер гледа идеален играч за левата страна на одбраната.
Сепак, Бенфика е свесна за неговите квалитети и спремни се да го пуштат само ако некој понуди 45 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на играчот.
Иако за Граѓаните парите не се проблем, британските медиуми наведуваат дека Пеп сепак од челниците на Сити нема да бара да издвојат толку пари за фудбалер кој е на највисоко ниво само неколку месеци.
Било како било, се покажа дека Барселона лесно се реши од овој млад играч без да му пружи шанса да заигра за првиот тим.
Челниците на каталонската екипа после заминувањето на Адријано се одлучи да го доведе Лукас Диње, додека Грималдо однапред го отпишаа. Колку тоа беше добра одлука за клубот, времето ќе покаже… И тоа за многу брзо.















