Како Озил –  Преминува од Реал во Арсенал?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Добри се односите меѓу Реал Мадрид и Арсенал, ќе видиме дали ќе се повтори работењето во овој јануари или можеби во јуни наредната година.

    Шпанските медиуми споменуваат дека Арсен Венгер е во нови преговори со Реал Мадрид.

    Имено, тој сака во својот тим да го види младиот фудбалер кој моментално игра во Алавес, Маркос Љоренте.

    Љоренте моментално е млад репрезентативец на Шпанија, игра во средниот ред, а досега забележа 6 настапи за Алавес во оваа сезона.

    Никако не можеше да има место во екипата на Реал Мадрид покрај Касемиро и Лука Модриќ кои моментално се водечки играчи на тимот на таа позиција, па одлучено е да оди на позајмица, но Зинедин Зидан смета дека овој 21-годишно момче може во иднина да го заземе местото во стартниот состав на Реал Мадрид.

    Сепак, Арсенал веќе сега го сака, но е прашање колку Венгер може да му понуди минутажа имајќи во предвид истотака силната конкуренција на позициите во средниот ред.