Како сака така погодува – Фантастичен погодок на Кавани и победа на ПСЖ


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на ПСЖ славеа на Паркот на Принцовите со 2:0 против Бордо.

    Уругваецот Едисон Кавани беше најзаслужен за петата победа оваа сезона за ПСЖ.

    После 3 минути игра на асистенција на Анхел Ди Мариа, Кавани со глава ја затресе мрежата на Бордо за водство на парижаните. Во 31-ва минута Кавани постигна фантастичен погодок со пета за зголемување на водството на ПСЖ, 2:0. До крајот на натпреварот резултатот не се промени, а ПСЖ им се врати на победите.

    За Бордо ова беше трет пораз оваа сезона во Лига 1 во осум кола.