До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус и Наполи ќе го одиграат големото дерби на италијанската Серија А во Торино.
Тензиите пред овој меч меѓу навивачите на двата тима го достигна врвот, а италијанската полиција се одлучи поради преголем ризик забрани на навивачите на Наполи да доаѓаат на натпреварот.
Во центарот на вниманието секако ќе биде напаѓачот на Јувентус кој во минатоо лето за огромна сума на пари стигна од Неапол Гонзало Игуаин.
Тренерот на Наполи Маурицио Сари порача дека на Игуаин ќе му удри шамар кога ќе го види:
„Како ќе се поздравам во сабота? На ист начин кога таткото го поздравува синот на кого е лут. На теренот не постојат пријатели. Пред нас е многу важен натпревар. Ќе му удрам шамар“, рече Сари.
Овој меч се игра во сабота од 20:45 часот.















