Калиниќ го напушти кампот на Фиорентина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Агентот на Никола Калиниќ е на пат кон Милан, а напаѓачот уште еднаш го напушти тренинг кампот на Фиорентина.

Еднаш му беше дозволено од клубот да го напушти тренинг кампот и да замине за Хрватска, каде неговата жена беше жртва на домашна кражба, но тој завчера се врати во Италија.

Сепак, оваа утро тој е виден како повторно го напушта кампот на Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми, а причината овој пат е наводно трансфер во редовите на Милан.

„Жал ми е што треба да го напуштам пред сезонскиот тренинг камп, повторно.“ – изјави Калиниќ за медиумите и додаде:

„Мојата иднина? Имам кажано неколку пати што јас сакам, но засега имам договор со Фиорентина и сум професионалец. Оставам на клубот да одлучи што е најдобро за сите“. – заврши Хрватскиот интернационалец.