„Канте е моментално најдобар играч за врска на светот“

Фудбалерите на Челси се пласираа во полуфиналето на ФА Куп после вечерашната победа против Манчестер Јунајтед.

Сините вечерва на Стенфорд Бриџ играа четвртфинале од ФА Куп против Манчестер Јунајтед, и славеа со минимални 1:0.

Единствениот гол на вечервашниот натпревар го постигна одличниот Н`Голо Канте.

После натпреварот некогашниот играч на Челси, Франк Лампард, за англиските медиуми изјави дека е воодушевен од игрите на Канте од доаѓањето од Лестер во минатото лето.

Лампард додаде дека за него францускиот репрезентативец моментално е најдобар играч за врска на светот.

„Канте моментално е најдобар централен играч за врска на светот. Игра во неверојатна форма и не можам да се потсетам на никој подобар во овој момент. Тој е навистина неверојатен“, рече Лампард.