Капело: „Главниот проблем на Реал Мадрид се нарекува Кристијано Роналдо“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Кристијано Роналдо е главната и најважна фигура во составот на Реал Мадрид и најдобриот голгетер на тимот на сите времиња. Но, според мислењето на Фабио Капело тој е и најголемиот проблем на „белите“ во моментов.

    Според Италијанецот, значењето на напаѓачот за тимот е од толку голема важност што секоја негова повреда или слабост драстично се одразува на неговите соиграчи. А во моментов, Португалецот дефинтивно не е во форма и од тоа страдаат резултатите на Реал Мадрид.

    „Големиот проблем на тимот во моментов се нарекува Кристијано Роналдо. И тоа е така, едноставно затоа што е најдобар фудбалер на Реал, но не може да се вклучи во полна брзина поради проблемите со повредите. Има потреба од одмор, за повторно да биде познатиот играч“, изјави Капело.

    Роналдо се повреди во финалето на Европското првенство, каде што неговата татковина стана шампион на Стариот континент. Поради проблемите со коленото тој ги пропушти првите натпревари на тимот оваа сезона, каде што оваа сезона во лигата одигра само 4 натпревари каде што постигна еден гол и запиша една асистенција. Со него во составот „кралевите“ стигнаа до три послодователни нерешени резултати во лигата и го испуштија водството на табелата.