До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Атлетико Мадрид Габи рече денеска дека неговата екипа мора да ја подобри играта доколку сакаат да слават против Реал во градското дерби после репрезентативната пауза.
„Тоа ќе биде клучен натпревар за нас. Од клучна важност е да не дозволиме Реал многу да ни избега на табелата. Сакаме да бидеме рамо со рамо со Реал, но мораме да се подобриме ако сакаме да победиме во дербито“, рече Габи за шпански АС.
Атлетико загуби два од последните три меча во Примера и падна на четвртото место на табелата и после 11 одиграни кола имаат шест бода помалку од Реал.
Натпреварот од 12 коло од Примера меѓу Атлетико и Реал е на програмата на 19 ноември на Висенте Калдерон.















