ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Стивен Џерард на самиот врв беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
Иако можеше да бира каде да оди, Џерард остана лојален на Црвените 17 години, за во подоцнежните години да си отиде во САД, во Лос Анџелес Галакси.
„Ние го победивме Реал со 4:0 на Енфилд и Раул дојде до Џерард и му рече да потпише за Реал Мадрид. Но, јас не сакав да одам, но јас го советував Џерард доколку сака да оди некаде, тоа да не биде шпански гигант. Сепак, тој одлучи да остане“, изјави тимскиот колега на Џерард, Џејми Каракгер.
Џерард постигна 120 гола во 504 настапи за Ливерпул, додека за репрезентацијата на Англија одигра 114 натпревари и постигна 21 гол.