Карпош Соколи доведе замена за Зоран Вркиќ!

Жарко Чомагиќ, 31 годишен српски кошаркар ќе го замени Зоран Вркиќ во екипата на Карпош Соколи до крајот на оваа сезона.

Тој нема право на настап во следните 2 натпревари во Јадранската лига туку е доведен за да му помогне на Карпош да го освои македонскиот шампионат.

Потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Оваа сезона Чомагиќ ја започна во романска Орадеа, потоа играше и за ОКК Београд, а сега потпиша за Карпош Соколи.