Кирјос се повлече од Индијан Велс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер, Ник Кирјос беше приморан да го откаже четвртфиналниот натпревар против Рожер Федерер кој требаше денес да се одигра.

Кирјос играше одлично досега на турнирот, во осминафиналето го исфрли Новак Ѓоковиќ, но денешниот натпревар против Федерер беше приморан да го откаже поради труење со храната.

„Приморан сум да го откажам натпреварот поради болест. Во моменталната фаза мислиме дека се работи само за труење со храна, се молам да не е нешто полошо од тоа. После неспиената ноќ поради болки сфатив дека немам што да барам против големиот шампион како што е Рожер. Моментално не сум во состојба да излезам на терен. Жал ми е поради навивачите, но морам да го ставам здравјето на првото место и се надевам дека ме разбирате. Му посакувам се најдобро на Рожер во продолжението на турнирот“, напиша Кирјос.

Ова значи дека Федерер директно се пласира во 1/2 финале каде ќе игра со подобриот од натпреварот Сок-Нишикори.