Клоп заврши работа, тројца потпишаа нови договори


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ливерпул се заврши околу потпишувањето на нови договори со своите младинци.

    Младите фудбалери на Ливерпул, Кевин Стјуарт, Александер Арнолд Трент и Бен Вудбурн потпишаа нови договори со Ливерпул, објавено е во клубот.

    „Ова се многу позитивни вести за нас и мило што покажуваме склоност кон нашите деца. Можеби со Кевин е нешто подруга ситуацијата, тој веќе е дел од првиот тим, важен член“, рече Јирген Клоп.

    Кевин Стјуарт (играч за врска) стигна од Тотенхем во 2014 година, а досега играше 17 пати во најсилниот состав на Ливерпул.

    Александер Арнолд (играч за врска) од својата шеста година е во Ливерпул, а своето деби го имаше во претходниот меч против Тотенхем во Лига купот.

    Истотака, и Вудбурн (напаѓач) е од својата шеста година во Ливерпул, а сега игра со У23 екипата, а во текот на летото беше со првиот тим кога дури и постигна два гола против Филтвуд и Виган.