Клоп сака да го засили тимот: Сака одличен Хрват и „новиот Насри“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Ливерпул игра одлично во Премиерлигата и моментално се лидери со 26 бодови.

    Редсите ги препороди одличниот Јирген Клоп, кој призна дека веќе на големо размислува за јануарскииот преоден рок и доведување на нови играчи.

    Големите проблеми за Ливерпул допрво следуваат, Дени Ингс е повреден, а Садио Мане во јануари заминува на Африканскиот куп на нациите, и остава доста празнина во нападот.

    Тука остануваат Фирмино и Стариџ, а уште постои страв од нови повреди.

    „Не е проблем со напаѓачите, имаме офанзивци, мислам дека тројца се доволно. Проблем е со крилата. Кога Мане ќе замине, имаме проблем. Фирмино може да игра на крило, но тогаш ни недостасува напаѓач“, призна Клоп, па продолжи:

    „Ако поминеме во полуфинале на ЛЕ, ќе биде тоа најтежок месец – јануари. Мораме добро да се подготвиме“.

    Можно е во тој период да стигнат и некои нови играчи на Енфилд. Откриена е и листата на желби, а прв избор е Кристијан Пулишиќ, момчето кое воодушевува во дресот на Борусија Дортмунд и некој кој е многу познат на Клоп.

    Тој призна дека сака да се проба и на Островот, а токму Редсите се чини дека се како вистински избор.

    Тука е и уште еден 18-годишен, фудбалер на Марсеј, Максим Лопез, кој може квалитено да одигра и како крило и како офанзивен играч за врска. Го нарекуваат и „новиот Насри“.

    https://www.youtube.com/watch?v=pMfBdX8nWoY