До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанецот изгледа има намера во текот на зимата да ја заврши комплетната реконструкција на одбраната.
Да потсетиме, Џо Харт беше принуден да замине, стигна Клауидо Браво од Барселона и го зазеде местото прв голман.
Доведен е Стонс од Сити, Мангала замина во Валенсија, а Гвардиола бара бекови.
Првата мета за десната страна е Белерин од Арсенал, кој играч го сака и Барселона. Арсенал на Шпанецот му нуди нов договор, ако не го потпише до лето, може да биде на продажба, сумата е околу 50 милиони евра.
На левата страна, Пеп го има Коларов на кого ќе му биде понуден нов договор, но се бара еден млад играч, тоа би значело дека Гаел Клиши заминува.
Изборот наводно падна на уште еден шпанец, одличниот Гаја од Валенсија.
и тој чини околу 50 милиони евра, поточно за толку ќе го пушти Валенсија.
Во тој случај процесот на реконструкција на одбраната ќе биде завршен, а Гвардиола ќе вложи огромна сума на пари на дефанзивата. Се споменуваше и Лео Бонучи кого го сака и Челси, но е малку веројатно дека и за 60 милиони евра Јувентус ќе се откаже од својот дефанзивец.
На него цената расте, иако во оваа година ќе наполни 30, а не е баш ни расположен да ја напушти Италија.















