До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Белгијанецот никогаш да се опорави, повредите се редат, ова му е 30 од 2012 година.
Винсент Компани стана синоним за малер. После што доживеа уште една повреда во низа, се најде на терен во мечот со Свонси, но не успеа да го заврши мечот, веќе пред последниот свиреж мораше во соблекувалната.
Натпреварот на Либерти му беше прв уште од мај во тековната година и полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Се мислеше дека е во прашање само замор и дека Компани едноставно не е доволно спремен, но најлошите стравови сепак се остварија.
Капитенот на Сити доживеа нова повреда, 34 по ред откако дојде во редовите на Граѓаните.
Во прашање е повреда на препоните, ќе бидат извршени и дополнително анализи после што ќе се знае сериозноста на повредата.
Добра вест е дека не е во прашање повреда на задната ложа, поради што 30-годишниот фудбалер „мака мачеше“ во текот на својата кариера.















