Конечно Автокоманда се израдува – Металург го совлада Татран и ја запиша првата победа во СЕХА


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во натпревар од СЕХА лигата против Татран Прешов славеа со 27:21

    Металург ја почна доминацијата уште од почеток. Серија од 4 погодоци. Следуваше нова серија на домашните ракометари, овој пат од 3 погодоци. Татран Прешов со серија од 4 погодоци успеа да го намали големото водство на Металург. На полувреме ракометарите на Металург имаа 5 погодоци предност, 14:9. Македонскиот клуб го стартуваше второто полувреме со серија од 2 погодоци. Пред последните 13 минути од натпреварот Татран Прешов направи серија од 4 погодоци и го намали водството на Металург на 3 погодоци, 21:18. Металург во последните 5 минути од натпреварот влезе со водство од 5 погодоци, 25:20. Клубот од Автокоманда на крајот славеше со 27:21.

    Талески со 7 погодоци го предводеше Металург до победа. Обрадовиќ додаде 6 погодоци. Кај Татран најмногу се истакна Хрстка со 7 погодоци.

    Ова е прва победа за Металург во СЕХА оваа сезона.