Конте најде замена за српскиот репрезентативец!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Според пишувањата на медиумите во Британија, може да се заклучи дека деновите на Бранислав Ивановиќ во Челси се навистина одбројани.

    После мечот со Арсенал стана јасно, дека одбраната на Челси ќе претрпи големи промени.

    Прво страдаше капитенот на српската репрезентација, кој беше на клупата за резервни играчи од претходниот викенд против Хал. Сега работите за Ивановиќ може да бидат уште полоши, бидејќи Конте наводно е заинтересиран за во редовите на Сините да доведе десен бек од шпанска Примера.

    Попрецизно, Челси спрема веќе во јануари да го доведе десниот бек на Атлетик Билбао Оскар де Маркос.

    Конте наводно е многу заинтересиран за неговите услуги, на клубот наложи  да направат се што треба со цел да му го стават на располагање.

    Со самото тоа, 27-годишниот фудбалер може да очекува договор на четири и пол години на Стенфорд Бриџ и платата лесно може да му биде и дуплирана.

    Сепак, фудбалерот неодамна изјави дека нема намера да го напушти баскискиот клуб. Тој има договор до 2019 година и е задоволен каде што е. Баскијците се познати како лојален, и Челси навистина ќе има тешка задача.

    Клаузулата во неговиот договор е 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра), прашање дали Сините се спремни да одат така далеку за ангажирање на нов десен бек.

    Де Маркос одигра 208 натпревари за Атлетик, постигна за тоа време 18 голови.