Контроверзниот бек пред трансфер во Барселона


    Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Десниот бек на ПСЖ би можел кариерата ја продолжи во Барселона.

    Според Канал Плус, агентот на Серж Орие ги започнал преговорите со Барселона и во јануари би требало да биде нов фудбалер на каталонците.

    Орие на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона имаше големи проблеми во ПСЖ.

    Прво беше суспендиран поради изјава за тогашниот тренер Лоран Блан и поранешната ѕвезда на светците, Златан Ибрахимовиќ.

    Тие бурни реакции не претставуваат проблем за Барселона која сака да го види на Камп Ноу уште во јануари.