Коста го реши Мидлзбро на Риверсајд – Челси и Конте нови лидери во Премиер Лигата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси славеа со 0:1 на Риверсајд против Мидлзбро во натпревар од дванаесетото коло од ПЛ.

    Педро имаше одлична шанса за погодок петнаесетина минути пред крајот на првото полувреме, но Виктор Валдес не дозволи да биде совладан. Потоа Валдес повторно му одбрани на својот поранешен колега од Барселона. Првата сериозна шанса на Мидлзбро ја направи Алваро Негредо кој шутираше непрецизно. После корнер, Диего Коста ја затресе мрежата на Валдес за водство на сините. Во самиот финиш на првото полувреме Негредо со глава шутираше непрецизно. Голманот на Мидлзбро, Виктор Валдес на стартот на второто полувреме му одбрани шут на Маркос Алонсо. Педро во 63-та минута немаше среќа бидејќи сојузник на Валдес беше пречката. Педро после неколку минути повторно шутираше и повторно ја погоди пречката. Негредо имаше шанса да израмни, но Тибо Куртоа не го дозволи тоа. Челси славеше со 0:1 на Риверсајд и сегае лидер на табелата во ПЛ.

    После минималната победа Челси е лидер со 28 бода, Ливерпул и Манчестер Сити имаат бод помалку, а Арсенал четири бода помалку од сините.

    Челси во следното коло го игра лондонското дерби на Стемфорд Бриџ против Тотенхем, а Мидлзбро ќе игра на гости против актуелниот шампион Лестер.