Кошаркарите до 14 години ги започнаа подготовките за меѓународниот турнир во Скопје

Македонските кошаркари до 14 години ги започна подготовките во топлата сала на КК Вардар под Кале за меѓународниот турнир на кој ќе биде домаќин Македонија, а ќе настапуваат уште фудбалерите на Бугарија, Романија и Косово.

Овој меѓународен турнир е дел од проектот на ФИБА М-16 кој МКФ го започна пред една година.

Меѓународниот турнир почнува денес во 18:00 часот со натпреварот Македонија – Косово. Два часа подоцна ќе играат Романија – Бугарија.

Второто коло се игра утре, од 18 часот играат Македонија – Романија, а потоа ќе играат Косово – Бугарија.

Во недела ќе се игра третото коло, а од 14 часот ќе играат Косово – Романија, а во 16 часот турнирот ќе се заврши со натпреварот Македонија – Бугарија.

Селекторот Александар Јованчев и неговиот асистент Мартин Атанасов ги започнаа подготовките со сите 16 повикани кошаркари.