Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчите на Ливерпул оваа сезона најмногу трчат кога во прашање се премиер лигашките тимови. Досега имаат истрчано дури 581.6 километри.
Не е чудно доколку гледаме кој е тренер на Ливерпул. Клоп во време кога го предводеше Дортмунд, тимот од Дортмунд беше познат и по тим чии играчи трчаат доста на теренот.
На дното на табелата е Манчестер Јунајтед чии играчи пак имаат истрчано 526.6 километри. Мурињо е познат по тимското работење на тимот кој го води, но на Олд Трафорд не е баш се како што треба.