Кој клуб направи најголем приход во ЛШ?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англискиот клуб Манчестер Сити доби најмногу пари на основ на награда од Европската фудбалска унија за натпреварување во ЛШ.

    Сити заработи 83.8 милиони евра во минатата сезона, иако е елиминиран во полуфиналето од Реал Мадрид. Тој клуб најмногу пари доби благодарение на телевизиските права.

    Второто место го зазеде Реал со 80 милиони евра, пред Јувентус со 76.2.

    Јувентус и покрај елиминацијата во осминафиналето, најмногу профитираше од телевизиските права.

    Најмалку пари од 32 учесници во минатосезонската ЛШ доби Макаби Тел Авив, вкупно 16,.7 милиони евра.

    УЕФА предвиде дека приходот на клубовите ќе порасне за 30 % од 2018 до 2021 година.