„Кристијано е еден од најголемите било кога“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Германскиот фудбалер изјави дека португалскиот репрезентативец и негов соиграч од времето кога играше во Мадрид, Кристијано Роналдо, е “еден од најдобрите било кога“ а зборуваше и за своето доаѓање во редовите на Арсенал.

    Озил во Арсенал стигна од Реал во 2013 година за 42,5 милиони фунти само неколку часа после што кралскиот клуб го доведе Герет Бејл.

    Германскиот репрезентативец рече дека тренерот на Арсенал Арсен Венгер сакаше да го ангажира и пред неговото доаѓање во Лондон.

    „Разговарав со Венгер и тој ме сакаше во Арсенал. Му реков, ако бидам во прилика да го менувам клубот, дека тие ќе бидат мојот прв избор…Тиери Анри, Денис Бергкамп, Роберт Пирес…Тоа се одлични игеачи и јас сакав да бидам дел од тоа. Навистина уживам играјќи во таков голем клуб каков што е Арсенал“, рече Озил заз Јутуб каналот на Арсенал.

    Озил во Реал играше со Португалецот Кристијано Роналдо три години.

    „Никогаш не сум видел некогаш како него. Секогаш беше прв во соблекувалната и секогаш последен заминуваше. Навистина уживав да играм со него. Тој е добро момче и добар пријател. Нормално, доста му асистирав. Ако му дадев две асистенции, тој би постигнал два гола. Тој е неверојатен играч. Еден од најголемите на светот и во историјата“, рече Озил.

    Зборуваше Озил и за своите денови во Шалке и Вердер од Бремен, како и за големото пријателство со Пер Мертезакер од времето додека двајцата ги бранеа боите на екипата од Бремен.

    Целото интервју погледнете го во продолжение.

    Озил во оваа сезона е одличен во дресот на Топџиите, запиша осум голови и три асистенции во сите натпреварувања за тимот од Емирати.