Кристијано Роналдо како Рајан Гигс, но Озил е чудо


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Податок за секој пофалба, Роналдо како Гигс.

    Кристијано Роналдо денес го израмни рекордот по број на асистенции во ЛШ.

    Португалецот за двата погодоци асистираше во победата на Реал против Спортинг и со тоа стигна до бројката 30 асистенции на 132 натпревари во ЛШ.

    Звучи неверојатно, но Роналдо до 30 асистенции стигна на 12 натпревари помалку од Рајан Гигс на кој за истиот учинок му требаа 145 натпревари.

    Неговиот рекорд единствено може да го нападне Лионел Меси кој има 24 асистенции на 109 натпревари во ЛШ, а на четвртото место е Ибрахимовиќ со 22.

    Интересно е што најдобар процент има Месут Озил кој има 21 асистенција на 65 натпревари, дупло помалку од Роналдо.

    1. Кристијано Роналдо 30 асистенции
    2. Рајан Гигс 30 асистенции
    3. Лионел Меси 24 асистенции
    4. Златан Ибрахимовиќ 22 асистенции
    5. Месут Озил 21 асистенција