До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Проработи суетата, тимот е поделен, играчите јасно завземаат став гледајќи го својот интерес. Кој ќе спротивстави на најдобриот?
Проблемите се зголемуваат во соблекувалната на Реал, а во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо.
Веројатно погодувате, тимот се подели на кланови, а на „младовите лавови“ пречи однесувањето на Роналдо како и некои избори на Зидан.
Натпреварот во неделата ги покажа проблемите, доволно е да ги погледнете мимиките на играчите, Крос беше незадоволен од однесувањето на Португалецот кој претерува во себичноста, во желбата да постигне гол.
Во разни шпански медиуми и тоа не само каталонските, кои едвај ова го дочекаа, ја разоткријаа приказната за клановите.
Од старите играчи, наводно, Крос, Модриќ и Бејл се многу незадоволни од однесување на Роналдо, сметаат дека тимот трпи бидејќи тој емитува незадоволство поради слабата форма.
Тие го разбираат и лутењето на Мората кои веруваат дека, иако ги решава мечевите, Бензема има предност поради Кристијано Роналдо со кого е пријател и за кого се жртвува уште од 2009 година кога стигнаа во клубот.
Податокот дека никој во кариерата не наместил повеќе голови на Риналдо од Французинот е познат.
Покрај тоа, и Хамес Родригез е незадоволен, тој веќе еднаш беше во конфликт со Роналдо на тренинг, па постојат доста играчи кои баш не се среќни поради се ова што се случува.
Кој е на страната на Роналдо?
Па, старата гарда, Марсело, Рамос, Пепе, голманот Кејлор Навас и нормално Бензема.
Постои јаз кој Зидан засега го контролира, како што се зборуваше во овие денови во шпанските спортски медиуми, не постои лидер на „спротивставените“ екипи, бидејќи Бејл и Модриќ не сакаат на себе да ја преземат улогата на иницијатор на конфликт.
Се ова поделба на екипата, ќе видиме како ќе се заврши. Навивачите се свртија против Роналдо, а Зидан нив ги критикуваше бидејќи го исвиркуваат најдобриот играч.
Од друга страна го исвиркуваа и него самиот, па тоа не треба да чуди.
Медиумите тврдат, дека штом ситуацијата ќе биде искристализирана околу лидерите на спротивставените страни, може да се очекува да се вмеша и Флорентино Перез бидејќи тој вакви поделби нема да трпи…















