Крос го покажа својот карактер: И повредата ќе помине, ќе се вратам посилен

    Поради тешка повреда играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос ќе го пропушти остатокот од 2016. година.

    Крос заработи скршеница на коска во натпреварот против Леганес и тоа на самиот старт, а првите прогнози не беа толку лоши како што се сега. Крос помина низ две детални анализи и се установи дека нема да игра до крајот на јануари следната година.

    Сепак, тоа не го уништи позитивниот дух на германскиот играч, тој веќе го најави неговото враќање и изјави дека веќе фудбалот му фали.

    „Животот продолжува, не можеме ништо против тоа. Им благодарам на сите навивачи и на сите кои ми дадоа голема поддршка. Ќе се вратам подобар од порано“, изјави Крос.

    Сепак, не е толку лошо за Реал поради тоа што конечно се опорави одличниот Лука Модриќ по повредата на коленото.