Кругер без шанси против расположениот Новак


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак го забележа 300тиот настап на турнирите од Гренд слем категоријата и тоа го обележа со лесна победа која му донесе пласман во второто коло на Австралија Oпен.

Најдобриот тенисер на светот рутински ја одработи својата работа на почетокот од Австралија Oпен.
Тој во првото коло го совлада Американецот Мичел Кругер со 3:0 (6:3, 6:2, 6:2) после два часа игра.

Овој меч беше прв меѓусебен помеѓу овие двајца тенисери, а Американецот само на почетокот од првиот сет беше конкурентен.

Кругер во третиот гем стигна до брејк, но Новаќ веќе во наредниот возврати со иста мера,а после тоа Србинот немаше никакви проблеми до крајот на мечот.

Во другиот сет Новак направи два брејка, а во третиот после малку мака повторно го презеде ривалството во сервисите и со тоа го трасираше својот пат кон првиот триумф на Австралија опен.

Денешниот натпревар беше тристотиот кој Новак го одигра на Грен слем турнирите. На тој начин Ноле стана вториот тенисер кој успеал во тоа во ерата на Опен турнирите.

Во „клуб 300“ се наоѓа уште и Роџер Федерер кој има одиграно 394 меча. Нареден ривал на Ноле на Австралија опен му е Жо- Вилфред Конга, француски тенисер против кој српскиот играч има играно 24 пати.

Ѓоковиќ шеснаесет пати славеше против Конга, а најважната победа е онаа од 2008 година кога го совлада во финалето на Австралија Опен.