До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Евертон планира нови засилувања.
Менаџерот на Евертон Роналд Куман потврди дека би сакал да го има во својот тим Мемфис Депај кој се наоѓа во немилост на Жозе Мурињо.
Депај во Јунајтед стигна во летото 2015 година од ПСВ Ајндховен, но не успеа да ги оправда вложените 25 милиони евра.
„Би сакал да го имам во својот тим Евертон. По мое мислење, Депај е многу интересен играч. Тој поседува исклучителен индивидуален квалитет, секогаш е опасен и ефикасен во нападот, само му недостасува минутажа тоа да го покаже. Веќе го сакав во Саутемптон, но тој тогаш го ибра Јунајтед, што беше логичен избор“, изјави Куман.
Депај досега одигра 51 меч за Јунајтед и постигна седум погодоци.















