Куманово стартуваше со победа во БИБЛ – Мијатовиќ го наполни Тиват


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на КК Куманово го совлада Тиват на домашен терен во првото коло од БИБЛ со 78:75.

    Кумановци првата четвртина ја добија со 2 поени, 20:18. На три минути до крајот на втората четвртина кошаркарите на Куманово имаа предност од 10 поени, 35:25. Гостите со серија од погодоци се вратија во натпреварот и успеаа да заминат на полувреме со предност од 1 поен, 38:39. Следуваше израмнета игра се до завршницата на третата четвртина кога домашните кошаркари одиграа фантастично и во последните десет минути од натпреварот влегоја со предност, 62:59. Уште на стартот Кумановци направија 9 поени предност, 68:59. На пет минути до крајот на натпреварот кошаркарите на Тиват се вратија во натпреварот и израмнија, 68:68. Домашниот тим успеа на минута до крајот на натпреварот да се одлепи на 6 поени кои беа недостижни до крајот за гостите. Кумановци сезоната во БИБЛ ја отворија со победа, 78:75.

    Мијатовиќ со 31 поен го предводеше Куманово до победа. Пековиќ и Караџовски додадоја по 12 поени. Ѓуришиќ беше најефикасен во тимот на Тиват со 19 поени. Двоцифрени натпреварот го завршија Станојевиќ(17) и Маројевиќ(15).