Лаказет го среди АЗ, Шахтар си замина со победа од Балаидос, Гент сензационално го победи Тотенхем, Бернардески со фантастичен погодок од слободен удар ја реши Борусија Менхенгладбах (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Девет натпревари се одиграа од 1/16 финалето во ЛЕ.

Лион на гости го совлада АЗ Алкмаар со 1:4.

Тусарт и Лаказет во првото полувреме му донесоа водство од два погодоци на Лион на полувреме, 0:2. Лаказет во 57-ма минута го постигна вториот погодок на натпреварот, трет за Лион. Јаханабакш од пенал намали на 1:3. Конечните 1:4 ги постави Ауар во 94-та минута.


Houssem Aouar Goal HD – AZ Alkmaar 1-4 Lyon… by Jek09Pre

Шахтар на Балаидос ја победи минимално Селта Виго, 0:1.

Бланко Лесчуч го постигна победничкиот погодок за украинците во 27-ма минута од натпреварот.

Гент сензационално на домашен терен го победи англискиот гигант, Тотенхем, 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Пербе во 59-та минута.

Федерико Бернардески со фантастичен погодок од слободен удар му донесе победа на Фиорентина на гостувањето во Германија кај Борусија Менхенгладбах, 0:1.

Астра и Генк ремизираа, 2:2, Ростов убедливо ја победи Спарта Прага со 4:0, Копенхаген во Бугарија победи против Лудогорец, 1:2 и Олимпијакос и Османлиспор ремизираа во Грција, 0:0. Претходно Краснодар на домашен терен минимално го победи Фенербахче, 1:0.