Лајпциг пишува историја!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Дебитантска сезона за Ред Бул Лајпциг во Бундеслигата а по цели 11 кола тимот кој пред 7 години е штотоку создаден нема пораз а има 8 победи и 3 нерешни средби, што секако е за секоја пофалба.

    Дури сега тие се лидери на табелата, пред славниот Баерн Минхен.

    Не само што е дебитант, туку Лајпциг веќе испиша историја како дебитант со најдобар почеток на сезона во Бундеслигата.

    Со победата против Леверкузен, Лајпциг испиша 11 натпревари без пораз и што го помина рекордот на Дуисбург во 1993/94 кој како дебитанти 10 кола не беа поразени.

    Низата Лајпциг ќе може да ја продолжи во петок со Фрејбург каде што Ред Булци се големи фаворити.