Леброн со дабл-дабл ги победи Репторс, Расел го врати Лејкерс на победнички патеки


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Синоќа во НБА се одиграа пет натпревари.

    Кавалирс го скршија отпорот во самата завршница на Торонто и ја запишаа деветата победа оваа сезона. Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со дабл-дабл учинок, 28 поени и 14 асистенции. Кајри Ирвинг додаде 24 поени, а Лав и Томпсон го завршија натпреварот со дабл-дабл учинок. Лав запиша 19 поени и 13 скока, а Томпсон 15 коша и 11 украдени топки. На другата страна Лаури беше најефикасен со 28 поени.

    Атланта Хокс со многу мака го совлада Мајами Хит со 93:90. Најефикасен во тимот на Хокс беше Денис Шрудер со 18 поени, а Двајт Хауард го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, 11 поени и 11 скока. Во тимот на Мајами, Хасан Вајтсајд имаше дабл-дабл учинок, 19 поени и 25 скока.

    Чикаго го декласираше Портланд со 113:88. Дабл-дабл учинокот на Џими Батлер беше доволен за победа на Булс,  27 поени и 12 скока. Дејмиан Лилард беше најефикасен кај Портланд со 19 поени.

    Шарлот Хорнетс славеше со 115:108 против Минесота. Кемба Вокер со 30 поени го предводеше Хорнетс до победа. Кај Тимбервулвс најрасположен за игра беше Ејндру Вигинс со 29 поени.

    Лос Анџелес Лејкерс им се врати на победите после тоа што синоќа го совлада Бруклин Нетс со 125:118. Лејкерс до победа беше предводен од Расел со 32 поени. Кај Нетс најефикасен беше Брук Лопез со 30 поени и 10 скока.