Легендата на Реал Мадрид се надева на отказ на Славен Билиќ

    Резултатите кои оваа сезона ги има Вест Хем се под очекувањата.

    Екипата од Лондон по 11. коло се наоѓа на 17. место со еден бод повеќе од Хал Сити кој е во зоната на отпаѓање, а покрај тоа, забележаа и отпаѓање од кфалифиакциите за Лигата на Европа од Астра две години по ред.

    Пред Вест Хем се гостувања на Тотенхем, Манечстер Јунајтед и Ливерпул, додека дома играат против Арсенал, а медиумите во Шпанија се убедени дека Славен Билиќ нема да го преживее пеколниот распоред и дека веќе се бара неегов наследник.

    Медиумите во Шпанија шпекулираат дека управата на Вест Хем е подготвена да го донесе легендарниот играч на Реал Мадрид, Мишел, кој последен ангажман имаше во Марсеј.