Лестер најлошиот шампион во последните 54 години!


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Да, Челси минатата сезона катастрофално стартуваше во лигата откако ја освои титулата, но Клаудио Раниери и неговиот Лестер успеаа да ги надминат.

    Лисиците во привте 13 кола имаат освоено 13 бода и тоа е најлошиот влез во сезона во одбрана на титулата во најдобрата англиска лига во последните 54 години.

    Во историјата на натпреварувањето, само Ипсвич Таун во сезоната 1962/63. освои помалку бодови (11), ако се смета дека за победа се доделуваат три бода.

    Во моментов Лестер е на само два бода од зоната за испаѓање. Успеаа да победат само три натпревари, а загубија шест.

    Судејќи според самиот старт, ги очекува тешка битка за опстанок.