Новиот проект на Јирген Клоп – Иранскиот Меси


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Раководството на Ливерпул потврди за англиските медиуми дека во јануари ќе доведе засилување во нападот.

    Ливерпул моментално е лидер во ПЛ и во последно време тимот на Јирген Клоп има фантастични резултати.

    Црвените имаат многу проблеми во нападот бидејќи Дени Ингс нема да игра до крајот на сезоната, а Даниел Стариџ и Дивок Ориги не можат да ја пронајдат формата. Медиумите од островот денес пренесоа дека Ливерпул во јануари најверојатно ќе доведе засилување од Ростов, Сардар Азмун.

    Навивачите на Ливерпул се изненадени што нивниот клуб е заинтересиран за младиот ирански напаѓач. Азмун има договор со Ростов до 2018-та година и не е познато колкава е неговата оштета.