Ливерпул после Нова година доведува уште еден Хрват


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Клубот од Енфилд ја разгледува можноста за доведување на фудбалерот на Динамо од Загреб.

    Еден од најталентираните фудбалери на денешницата е Анте Чориќ, член на Динамо од Загреб и репрезентацијата на Хрватска за која веќе настапува во сениорската конкуренција иако има само 19 години.

    Овој фудбалер многумина го споредуваат со Лука Модриќ, негов соиграч од репрезентацијата и еден од најдобрите играчи за врска од овие простори во последните 15-20 години.

    За Чориќ се интересираат многу клубови, Реал Мадрид и Барселона “гризеа“ во ова лето, но изгледа дека Ливерпул е на пол позиција, ако се суди по пишувањата на англиските медиуми.

    Покрај нив, и Манчестер Сити на чело со Пеп Гвардиола истотака покажа интерес за младиот фудбалер од Хрватска.

    Значи, Анте може да гбиде уште еден фудбалер од овие простори кој ќе го облече дресот на Ливерпул, поради тоа што со успех го носат Марко Грујиќ и Дејан Ловрен додека Лазар Марковиќ е на позајумица во Спортинг од Лисабон.