Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Јувентус Гонзало Игуаин порача дека трофејот од Лигата на шампионите е сон на неговата екипа.
Аргентинскиот напаѓач дојде во Јувентус од Наполи во минатото лето за рекордни 90 милиони евра.
„Кога Јувентус се одлучи да ме купи, морав да донесам тешка одлука. Тоа го објаснив неколку пати и задоволен сум. Избор на успешен клуб, каде што ќе ја продолжам кариерата, беше дел од предизвикот, дојдов да помогнам во победите“, рече Игуаин за официјалната страница на УЕФА.
Тој призна дека се надева дека Јувентус ќе го освои трофејот во Лигата на шампионите.
„Поради тоа и дојдов во Јувентус. Исто така се бориме за шеста титула по ред шампион во Италија, тука е и Купот на Италија. Освојувањето на шестото по ред Скудето би било рекорд. Нормално, Лигата на шампионите е сон кој сакаме да го претвориме во реалност“, рече Игуаин.
Јувентус во четвртфиналето на ЛШ ќе игра против Барселона, а првиот натпревар се игра во Торино на 11 април.