Лино Червар – Поразот е заслужен


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург денес беа поразени од Татран Прешов во натпревар од ЛШ.

    Тренерот Лино Червар и ракометарот на Металург, Немања Обрадовиќ после натпреварот кажаа по некоја реченица за натпреварот.

    „Му честитам на Татран на победата. Мојот тим играше многу добро во првите 15 минути, но потоа целосно ја изгубивме концентрација, па Татран Прешов се врати во игра. Тие беа подобри до крајот на натпреварот, особено во второто полувреме, и ја заслужено дојдоа до победата“, изјави Лино Червар.

    „Би сакал да им честитам на ракометарите на Татран на нивната ефикасност. Тие ни покажаа како треба да се игра на свој паркет. Игравме одлично во првите 15 минути, кога водевме и со 9:2. Бевме концентрирани и ги реализиравме сите наши шанси. Потоа ја загубивме концентрацијата и се ни тргна наопаку. Треба што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да научиме од нашите грешки. Во следните средби мораме да бидеме фокусирани во сите 60 минути“, изјави Немања Обрадовиќ.

    Извор: Рк Металург