До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мануел Локатели има само 18 години и го сметаат за наследник на Андреа Пирло.
Локатели е иднината на Милан, а овој одличен млад фудбалер со одличен гол донесе на Ронерите победа над Јувентус, а подоцна го посвети голот на роднините кои навиваат за Јуве.
„Пирло е мојот идол. Имам негов голем постер на ѕид. Отсекогаш се восхитував на него и пробувам да го имитирам. Секогаш се трудам да бидам како него“, рече Локатели, кој го пофали и претседателот на клубот.
„Ги ценам зборовите на претседателот, ме прават посебен. Планирам сепак да останам цврсто на земја и да работам на тренинзи“.
Иако кариерата во Европа ја заврши како играч на Јувентус со кој тим беше шампион на Италија, Пирло сепак најголем печат остави на Сан Сиро, каде што со години ги бранеше боите на Росонерите.















