Лошата игра на Руни му донесе „греење“ на клупа и во репрезентацијата на Англија


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни во последно време многу страда поради проблемите со формата.

    Навивачите на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната му испратија многу критики што влијаеше на менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо па го изостави од првиот тим за натпреварот против Стоук.

    Истата судбина Руни го снајде и во репрезентацијата на Англија по очајниот натпревар против Малта на „Вембли“. Фудбалерите на Малта му ја протнуваа топката меѓу нозе додека целата англиска јавност му се смееше. Привремениот селектор на Англија, Герет Саутгејт одлучи Руни да го изостави од првиот состав на Англија за гостувањето против Словенија.

    Исто така, Саутгејт ќе мора да избере и нов капитен за тој натпревар, а англиските медиуми пишуваат дека се двоуми помеѓу дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил и играчот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.